Чави подготвува екстра засилувања за следната сезона за да има многу посилна Барселона

За Барселона завршува една разочарувачка сезона без освоен трофеј, но каталонскиот гигант веќе се подготвува за следната сезона. Тренерот Чави Ернандес има потполна доверба од челниците на клубот и според најавите, се подготвува голем „шопинг“ во летниот преоден рок.

Прва цел е Роберт Левандовски од Баерн Минхен и се очекува тој трансфер да биде комплетиран за 35-40 милиони евра. На листата се и Кулибали, кој сака да си замине од Наполи, а од дефанзивната линија фокусот е и на двоецот од Челзи, Аспиликуета и Алонсо.

Тука е и Рафиња од Лидс, кој сигурно ќе си замине од тимот доколку не остане во Премиер лигата. Веќе е потпишан договор и со Френк Кеси од Милан, па доколку се реализираат поголем дел од овие најавени трансфери, Барселона сигурно ќе има екипа која ќе му биде конкурентна на Реал Мадрид во трката за титулата во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести