Чави: Судиите никогаш не ми помагале!

Во пресрет на утрешниот прв полуфинален меч од Купот на Шпанија против Реал Мадрид, тренерот на Барселона, Чави, рече дека фаворитската улога му ја препуштаат на Кралскиот клуб, но не би потпишал Каталонците да претрпат минимален пораз.

Барса е во центарот на скандалот со некогашниот челник на судиската комисија Негреира, кој бил плаќан од клубот и тоа во милионски износ, па се бара Барселона да биде казнета со префрлање во втора лига, а Чави верува дека Каталонците не правеле ништо нелегално.

„Судиите никогаш не ми помогнале, тоа е моето чувство. Не сакам да победувам со измами“, изјави Чави.

За мечот со Реал, Чави вели дека противникот е фаворит утре затоа што игра дома.

„Реал е фаворит за освојување на трофејот, но одиме во Мадрид да победиме. Тоа што ние го освоивме Суперкупот нема никаква врска. Овој меч ме мотивира повеќе од кој било друг. Да се победи на Бернабеу е прекрасно, Ел Класико е најголемиот меч на светот“, вели Чави, кој нема да смета на важни играчи, како Педри, Дембеле и Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести