Чеде Јаневски го доби „македонското дерби“ и направи голем успех во Кипар

Олимпијакос Никозија чиј тренер е македонскиот стручњак Чедомир Јаневски, го победи АЕК Ларнака со 1-0, и го обезбеди шестото место на табелата во кипарското првенство, што значи влез во плејофот. За АЕК цел меч играше Иван Тричковски, а Стефан Спировски го играше само второто полувреме, но нивниот тим не можеше да даде гол против тимот чиј тренер е Јаневски.

Со оваа победа, Олимпијакос влезе во битка за титулата, а извини АПОЕЛ кој е најтрофеен кипарски тим со 28 титули.

- Оглас -

Најнови вести