Чех предложува воведување досега невидено правило во фудбалот

Еден од најдобрите голмани во светот во изминативе 20-тина години, Петр Чех е лут поради новото ВАР правило кое „ги уништува“ чуварите на мрежата. Според новото правило, голманите не смеат да ја напуштат гол линијата пред да им биде шутнат пеналот од 11 метри.

Последна „жртва“ на ова правило беше Лукас Фабијански кој синоќа го одбрани пеналот на Матеус Клих, но судијата реши ударот од белата точка да се повтори затоа што голманот за некој милиметар не беше барем со едната нога на гол линијата. Од вториот обид Клих успеа да погоди.

„Како може еден голман да покрие простор ѓирок 7 метри и 32 сантиметри и висок два метри и 44 сантиметри, а да не мрдне до гол линијата, кога некој му шутира од 11 метри со просечна брзина од 70 километри на час? Тоа значи дека топката има 0,35 секунди за да ја помине гол-линијата“, напиша Чех, кој додаде дека има и решение за тоа правило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petr Cech (@petrcech)

„Едноставно не го разбирам форсирањето на тоа правило. Лесно е да се критикува без да се понуди решение, па затоа јас нудам едно. Може судијата едноставно пред изведување на пеналот, со спреј да обележи линија до која голманот може да излезе пред да се изведе пеналот. Тоа ми се чини како добра идеја“, објаснува Чех.

 

- Оглас -

Најнови вести