Долго се зборуваше за трансферот на дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, во Барселона, но се чини дека од овој трансфер нема да има ништо. „Каталонците“ се откажуваат и тоа само поради барањето на Ханси Флик, кој го известил спортскиот директор Деко дека Италијанецот не се вклопува во неговата филозофија.
Германецот ќе инсистира на доведување на дефанзивец кој ќе знае да одигра агресивен пресинг и да учествува и во нападите на Барселона, а Бастони, според Флик, не е таков тип на фудбалер.
Членот на Интер се проценува на 70 милиони евра, а интерес за него има и од Манчестер сити и од Реал Мадрид.

