Минимално, но доволно: Арсенал е на еден чекор од трофејот во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Арсенал забележаа минимална, но многу значајна победа над Барнли од 1-0, па сега се на само еден чекор до трофејот од Премиер лигата.

Голот за победа беше дело на Каи Хаверц во 37-мата минута, откако највисоко скокна по корнерот на Сака. Ова беше 24-ти гол оваа сезона во Премиер лигата кој „топчиите“ го постигнаа по корнер.

Арсенал сега има 82 бода, пет повеќе од Манчестер сити, кој утре гостува кај Борнмут во меч од претпоследното коло. Ако „граѓаните“ не победат во вторник, тогаш „топчиите“ ќе бидат шампиони на едно коло пред крајот. Во спротивно, титулата ќе ја освојат со победа на гостувањето кај Кристал палас во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести