Чекаа победа 19 години, гол во 95. минута ги остави на листата за чекање

Спарта одигра одличен меч на „Де Кујп“ против градскиот ривал Феенорд и беше на прагот на гостинска победа во градското дерби на Ротердам, но и по 19 години не успеа.

Гостите водеа со 2:1 до 95. минута, само 60-на секунди ги делеа од голем триумф, прв на „Де Кујп“ од 2000. година, но повторно останаа без цел плен.

Швеѓанецот Сем Ларсон им ја скуси радоста на гостите, а му донесе еден бод на фаворитот со израмнувачки погодок  во петтата минута од судиското продолжение за конечни 2:2.

Со овој резултат Феенорд и по 11. пат по ред остана непоразен на својот стадион кога игра против градскиот ривал од Ротердам, а Спарта последен пат го освои „Де Кујп“ на 26. март во 2000 година. Оттогаш до денеска Феенорд имаше серија од 10 победи на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести