Чекаше автограм, а доби часовник „ролекс“ (Видео)

Алан Сен-Максимeн, францускиот фудбалер од екипата на Њукасл, изненади еден навивач со тоа што му подари скап часовник од марката „ролекс“. Група навивачи чекаа во ред за да добијат автограм од Сен-Максимeн, а фудбалерот во еден момент извади часовник „ролекс“ и му го подари на навивачот кој беше изненаден од подарокот.

Стив Датон се вика среќниот навивач кој подоцна се огласи на социјалните мрежи.

„Јас сум навивачот кој доби часовник на подарок од Алан Сен-Максимeн. Останав без зборови. Мислев дека ќе дојде за да ни даде автограм и да се фотографира со децата. И понатаму сум во шок, не знам како да му се заблагодарам на Алан“, беше пораката од среќниот навивач.

- Оглас -

Најнови вести