Челниците во Серија А најавуваат дека веќе нема да има одложување на мечевите

Раководството на Серија А ги обвини локалните здравствени власти за ситуацијата во која е најсилната лига во Италија. Вчера не се одиграа дури четири од предвидените 10 меча во 20. коло на Серија А, иако тие дуели официјално не беа одложени.

Причина поради која натпреварите не се играа е тоа што екипите на Салернитана, Болоња, Торино и Удинезе добија петдневен карантин од локалните здравствени власти и тие тимови не смееја да ги играат своите дуели.

Од Серија А тврдат дека веќе нема да се случува да има одложени средби и дека в недела ќе се играат сите 10 предвидени меча. Според новиот здравствен протокол кој е предвиден, секој клуб кој има 13 здрави играчи ќе мора да игра, а во спротивно ќе следи службен пораз и бодовите ќе ги освои противникот.

Уште сега е неизвесно дали в недела ќе се играат сите средби, затоа што е најавено дека ќе се одложи натпреварот меѓу Удинезе и Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести