20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Челзи десеткуван ќе го пречека Ливерпул на „Стемфорд бриџ“

Френк Лампард, менаџерот на Челзи, на денешната прес-конференција потврди дека за дербито против Ливерпул нема да смета на неколку клучни играчи.

Новите засилувања Тијаго Силва, Хаким Зијех и Бен Чилвел и натаму не се достапи за комбинација, додека тешкиот дуел против англискиот првак ќе го пропушти и Кристијан Пулишиќ.

„Силва ѝ се приклучи на екипата пред неколку дена и ќе му треба уште малку време да се адаптира. Зијех и Чилвел уште закрепнуваат, додека Пулишиќ не е во натпреварувачки погон. Вернер пак, е ’фит’ за дуелот“, истакна Лампард.

Зијех, Силва и Чилвел го пропуштија премиерното коло во кое Челзи издвои победа од 3-1 на гости кај Брајтон, а за нивното деби очигледно ќе се чека до некое од наредните кола во Премиер лигата.

Дербито на „Стемфрод бриџ“ е закажано за во недела, во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести