Челзи го договори првото летно засилување: На „Стемфорд бриџ“ доаѓа Зијех

Челзи се обидуваше да го доведе Хаким Зијех уште во зимскиот преоден рок, меѓутоа Копјаниците не дозволија заминување на клучниот играч сред сезона. Сепак, лондончани постигнаа договор со Ајакс околу услугите на мароканската ѕвезда за сума од 45 милиони евра.

Зијех ќе биде првото летно засилување на тимот кој го предводи Френк Лампард остварувајќи победа во трката со градскиот ривал Арсенал за потписот на офанзивецот на Ајакс. Иако двата клуба веќе се договорија, постои можност друг клуб да се наметне доколку достави подобра понуда бидејќи Зијех допрва треба да стави потпис на важечки договор со Сините.

Зијех оваа сезона двапати му се спротивстави на Челзи во групната фаза од Лигата на шампионите, а на „Стемфорд бриџ“ го запаметија по спектакуларниот погодок од слободен удар од многу тежок агол.

- Оглас -

Најнови вести