26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Челзи го натера Суарес да сонува за нова титула во ЛШ

Луис Суарес одигра важна улога во походот на Атлетико Мадрид до шампионската титула во Шпанија, но уругвајскиот голгетер е гладен за нови успеси. Суарес сонува за уште еден пехар во Лигата на шампионите, а како мотивација за таков подвиг зеде од новиот европски првак Челзи.

Сините од Лондон предводени од Томас Тухел, германскиот стратег кој дојде во клубот во јануари годинава, неочекувано стигна до самата завршница, каде што го надигра Манчестер сити среде Порто. Челзи до континенталниот врв ги елиминира токму Јорганџиите, Порто и Реал Мадрид во нокаут-фазата, а според Суарес, делувале како противник кој секој би сакал да го добие.

„Секако дека амбициите не застануваат со титула во Шпанија. Зошто да не сонуваме за подвиг во Лигата на шампионите. Па, видете Челзи што направи, се сметаше за слаб тим против кој секој сакаше да игра, а на крајот го освоија натпреварувањето“, посочи Суарес.

Уругваецот памети еден трофеј во најелитното клупско натпреварување во Европа како дел од триплетата со Барселона во сезоната 2014/15.

- Оглас -

Најнови вести