Челзи го продава Вернер – Соиграч на Чурлинов ќе му биде замена

Челзи го загуби трпението со Тимо Вернер и по само една сезона сака да го продаде германскиот репрезентативец за кој лани во летниот преоден рок му плати на Лајпциг околу 50 милиони евра.

Вернер имаше многу скромна сезона, со многу неверојатни утки, па веќе по првата година од петгодишниот договор што го има со Челзи ќе биде продаден.

Замената за него доаѓа од неговиот роден град Штугарт, а актуелните европски прваци се заинтересирани за Саша Калајџиќ.

Австрискиот репрезентативец играше одлично во Бундеслигата, беше шестти најдобар стрелец во минатата сезона со 16 постигнати голови, а притоа имаше и пет асистенции.

Челзи најави дека ќе се обиде да го ангажира Ерлинг Халанд на местото на Вернер, но таа варијанта изгледа скапа и според најавата би го чинела европскиот првак меѓу 150 и 170 милиони евра.

Според проценките Калајџиќ би го чинел Челзи од 25-30 милиони евра, што е многу поевтина варијанта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести