Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојниот бараж-натпревар против репрезентацијата на Словачка за пласман на Светско првенство.
Освен интернационалецот Мартин Томовски, кој настапува во Германија, сите други адути на Лазаров се од македонското првенство. Се чини дека има и неколку изненадувања на списокот.
Собирот ќе се одржи на 10.05.2026 година, со почеток во 13:30 часот во хотелот „Александар Палас“, Скопје.


