Челзи извиси за Кунде и со подобра понуда – Стоперот сака само во Барса, трансферот може да биде готов вечерва

Одличниот стопер на Севилја, Жил Кунде ја одби понудата на Челзи и сака да игра само за Барселона, па се најавува дека трансферот по упорната желба на играчот да се случи и вечерва.

Челзи имаше подобра понуда за францускиот ас и англискиот прволигаш беше подготвен да плати меѓу 65-70 милиони евра, но Кунде сака само во Барса.

Каталонците би платиле најмногу 55 милиони евра со вклучени бонуси, а ситуацијата со Кунде е многу интересна.

Имаше многу пресврти и во еден момент кога Севилја бараше од Барселона да ја израмни понудата на Челзи, раководството на Каталонците сакаше да се откаже.

Сепак и тренерот Чави Ернандес како Кунде беше упорен и сега може да биде задоволен, бидејќи речиси сигурно добива квалитетно засилување во одбраната.

- Оглас -

Најнови вести