Челзи ја анулираше предноста на Борусија, Бенфика води 2:0, но најатрактивниот гол им беше поништен, (Видео)

Челзи води со 1:0 против Борусија Дортмунд на „Стемфорд бриџ“ по првото полувреме од реванш мечот во осминафиналето. Рахим Стерлинг погоди во 43 минута за радост на домашните фанови. Овој гол всушност е израмнување во вкупниот резултат, затоа што Борусија дома славеше со 1:0.

Бенфика води со 2:0 против Бриж и ако се знае дека португалскиот тим славеше и на првиот меч со 2:0 во Белгија, јасно е дека тоа е тимот кој сигурно ќе оди во следното коло од Лигата на шампиони.

Уште во втората минута Бенфика даде гол кога Жоао Марио на атрактивен начин со петица погоди во противничката мрежа, но тој погодок беше поништен поради офсајд. Погодокот на Жоао Марио може да го видите ТУКА.

И во продолжение на мечот Бенфика напаѓаше и тоа резултираше со два погодоци. Рафа Силва донесе радост за домашните во 38 минута, а Рамос зголеми на 2:0 во 45 минута.

- Оглас -

Најнови вести