Челзи ќе го избрка најскапиот голман во историјата

Најскапиот голман во историјата на фудбалот, Кепа Аризабалага може во скоро време да си замине од Челзи. Според најавите од Англија, челниците на Челзи се незадоволни од Кепа и може да го продадат. Шпанецот дојде за сума од 72 милиони фунти, но разочара.

Како можна замена за Кепа е Ник Поуп од Барнли. Чуварот на мрежата на Барнли е во одлична форма и многу веројатно е дека во летниот преоден рок може да направи трансфер на „Стемфорд Бриџ“. Челзи го има најслабиот напад во Топ 8 во Премиер лигата со 32 примени гола во 24 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести