Без разлика кој е влогот, дерби дуелите во англиската Премиер лига секогаш имаат посебен шмек, па така се очекува да биде и на „Енфилд роуд“ каде Ливерпул е домаќин на Челзи. На домаќините им е потребна победа за да може и дефинитивно да обезбедат позиција која следната сезона ќе им гарантира место во Лига на шампиони.
Челзи е во катастрофална форма. Лондончани загубија шест меча по ред и тоа со катастрофална гол разлика од 14 примени и само еден даден гол. Само еднаш во клупската историја Челзи имал седум порази по ред во англискиот шампионат и тоа било во далечната 1952 година. Тоа значи дека Челзи има историски мотив да се обиде да остане непоразен на ова гостување кај големиот ривал.
Сепак, тоа нема да биде воопшто лесно затоа што, одбраната на Челзи е очајна и 13 натпревари по ред прима барем еден гол. Само во 1991 година имале полоша серија и тоа 17 меча без сочувана „чиста мрежа“. Челзи има само една победа во последните 12 години кога гостува кај Ливерпул.
Сите овие податоци, факти, го прават Ливерпул фаворит да слави денеска, а во Sport Life има специјална понуда за ова дерби. Може да се погоди стрелецот на првиот гол, како и тоа кој играч би постигнал погодок во текот на средбата. Тука се и комбинациите за стрелец на гол и тим победник.
За мераклиите на статистичките игри, тука се и понудите за обложување на бројот на изведени корнери, направени фаули, доделени жолти картони, упатени удари во рамки на гол, „уловени“ офсајд позиции…
На последните пет лигашки пресмеки меѓу Ливерпул и Челзи, двата тима постигнувале барем по еден гол, а на три од последните четири средби имало и пенал. Одлична е квотата за и сега да има удар од белата точка.


