Челзи не даде гол против Саутхемптон на домашен терен за првпат по 16 години

Челзи ремизираше без голови против Саутхемптон во мечот од рамките на 21-вото коло во Премиер лигата. Тимот од „Стемфорд бриџ“ не успеа да реализира погодок против „светците“ за првпат по 16 години во меѓусебна средба на која се домаќини. „Сините“ го запишаа петтото реми во ангискиот шампионат, додека Саутхемптон по 10 натпревари успеа да сочува мрежа.

Мората во 70-тата минута го совлада противничкиот голман, но погодок не беше регуларен поради тоа што Шпанецот се најде во недозволена позиција.

На останатите три средби од Премиер лигата кои започнаа во 20:45 часот, Кристал палас славеше кај Вулверхемптон со 2-0, Хадерсфилд запиша домашен пораз од 1-2 против Барнли, а Вест хем и Брајтон ремизираа при конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести