Челзи нуди двајца играчи и плус милиони евра за ѕвездата на Милан

Управата на италијанскиот шампион Милан се чини дека се помири со податокот дека наскоро ќе остане без еден од своите најдобри играчи, Рафаел Леао, и планира да заработи што повеќе од неговиот трансфер. Актуелниот договор на Леао со Милан трае до 2024 година, но преговорите за нов се прекинати.

Леао нема намера да потпише нов договор со Милан доколку не му бидат понудени најмалку 8 милиони евра по сезона, сума која Росонерите не се подготвени да ја стават на маса и поради тоа уште во зимскиот преоден рок ќе ги чекаат понудите од англиските премиерлигаши.

Милан за Леао бара 120 милиони евра, а најголем интерес за негов трансфер има Челзи, кој пак има поинаков план.

Сините не сакаат да ја платат оваа сума и се подготвени во Милано да ги испратат Армандо Броја и Хаким Зијеш, како и одредена сума пари во замена за Португалецот.

Претставници на Челзи веќе имале средба со агентот на фудбалерот, кому му бил презентиран проектот на англискиот тим и улогата на Леао во него.
Освен Челзи, интерес за Рафаел Леао пројавува и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести