Јувентус го сака Давид де Хеа на голот од следната сезона

Интересни трансферни новини пристигнуваат од Италија, каде што Јувентус планира сериозни промени на голманската позиција во летниот преоден рок.

Според информациите, гигантот од Торино не е задоволен од настапите на Микеле ди Грегорио и Матија Перин, па раководството разгледува опција да доведе нов прв голман, додека еден од актуелните сигурно би го напуштил тимот.

Во последните недели, Јувентус се поврзуваше со големо име како Алисон Бекер од Ливерпул, но негов трансфер се смета за малку веројатен поради високата плата.

Поради тоа, како пореална цел се издвојува Давид де Хеа, кој моментно настапува за Фиорентина. Шпанскиот голман заработува околу 3,5 милиони евра годишно, а клубот од Фиренца наводно е подготвен да го продаде за сума од околу 10 милиони евра.

По доаѓањето во Фиренца, поранешниот голман на Манчестер јунајтед повторно ја врати формата и се етаблира како еден од најсигурните чувари на мрежата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести