Челзи сака да го продаде, веднаш се јави Манчестер сити да го купи

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ ги договори личните услови со Манчестер сити и во следната сезона треба да се пресели меѓу Граѓаните. Ова го најавува експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

Челзи уште пред неколку месеци најави дека сака да го продаде Ковачиќ, а Сити верува дека Хрватот е вистински избор за шампионот на Англија. Комплетирањето на овој трансфер треба да биде финализиран по завршување на финалето во Лигата на шампионите, во кое Манчестер сити ќе игра против Интер.

Ковачиќ ја започна кариерата во Динамо Загреб во 2010 година, а по две и пол години поминати меѓу Модрите, потоа направи трансфер во Интер. Две и пол сезони играше и кај Нераѕурите, а потоа заигра и во Реал Мадрид. Три сезони беше во дресот на Кралскиот клуб, а од 2018 година е дел од Челзи. Сега негова следна дестинација треба да биде Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести