Челзи се подготвува за зимски шопинг?

Во таборот на Челзи се надеваат дека со нивната нова жалба која деновиве ја поднесоа до Судот за Спортска Арбитража ќе може да ја тргнат суспензијата и да пазарат уште во јануарскиот преоден рок.

Сините поради прекршување на правилата кои се однесуваат за ангажман на играчи под 16 години добија забрана да купуваат нови фудбалери во изминатиот летен преоден рок, и оној што следи во 2020 година. Сепак, постои шанса суспензијата да биде намалена, па токму затоа клубот од Лондон полека се подготвува за зимски шопинг.

Одредени англиски медиуми тврдат дека Сините веќе контактирале со неколку познати агенти и наговестиле дека се подготвени да трошат средства за нови играчи уште во јануари 2020 година, наместо да го чекаат крајот на сезоната и новото лето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести