Челзи со тројца напаѓачи ќе се обиде да го сруши бедемот на Атлетико, Баерн само со еден голгетер против Лацио

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен само со еден напаѓач ќе истрча на „Олимпико“ во Рим против Лацио. Во формација 4-2-3-1 со Роберт Левандовски како главен адут, Баерн ќе се обиде да ја покаже силата на теренот на калчолигашот.

Лацио битка ќе води со засилен среден ред во формација 3-5-2 и се надева дека ќе ја искористи лошата форма на германскиот гигант, кој првпат сезонава врза два меча на кои не победил.

Атлетико во формација 4-4-2 со Суарес и Феликс во нападот, во Букурешт е домаќин на Челзи. Англискиот тим ќе тргне офанзивно со 4-3-3. Одои, Жиру и Вернер ќе имаат задача да ги израдуваат гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести