Челзи веќе најде замена за Сари?

Раководството на Челзи мисли на иднината. Клубот од Лондон летово го смени Антонио Конте со друг италијански менаџер, Маурисио Сари, но дури и за него веќе е пронајдена замена.

Наводно, легендарниот дефанзивец на „сините“, Џон Тери, има намера да се врати и да работи со младинците во клубот, со што Челзи би го подготвувал за големата сцена. Трансферот на искусниот Англичанец во Спартак Москва пропадна, а според англиските медиуми, причина за тоа било можноста повторно да соработува со клубот каде направи импресивна кариера. Тери треба само да одлучи кога конечно ќе ги обеси копачките и ќе стави крај на фудбалската кариера пред да заплива во менаџерските води.

Неколку негови колеги, меѓу кои е Стивен Џерард, се одлучија за овој потег и засега се покажа како вистински избор. По извесно работење во младинските категории на Ливерпул, Џерард седна на менаџерското столче на Глазгов Ренџерс и засега добро му оди. По завршувањето на фудбалската кариера и Френк Лампард одлучи да го покаже своето тренерско знаење, па сега ја предводи екипата на Дерби каунти, тимот кој се наптерварува во втората англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести