Чеферин: Стариот добар фудбал со фанови на трибините наскоро ќе се врати

Неколку фудбалски шампионати на Стариот Континент му пркосат на корона-вирусот со продолжување на сезоната додека трае пандемијата. Вирусот постепено се контролира во европските земји, а тоа е знак дека полека може да се враќаме на нормалното функционирање.

Разбирливо, каде што се играат натпревари, забранет е пристап на навивачи на стадионите. Најдобар пример за тоа како изгледа фудбалот во време на корона-вирусот покажа Бундеслигата, која со натпреварување започна изминатиот викенд. Голема е разликата и доста е чудна глетката што трибините се празни, меѓутоа претседателот на УЕФА Александер Чеферин, смета дека навивачите наскоро ќе се вратат на стадионите.

„Има многу работа, многу проблеми кои треба да се решат, но јас секогаш со оптимизам пристапувам и знам дека ќе излеземе од оваа ситуација. Сериозно е, треба да бидеме претпазливи, но сега веќе знаеме многу повеќе за вирусот од претходно и како да го третираме. Не ми се допаѓа тоа што треба да чекаме втор, трет или петти бран на пандемија како да се случува апокалипса. Луѓе секако умираат порано или подоцна, тоа е неизбежно, но исто така е бесцелна грижа. Погдотвени сме, ги следиме препораките и апсолутно сум сигурен дека наскоро стариот добар фудбал со навивачи на трибините ќе се врати“, истакна Чеферин во интервју за британски „Гардијан“.

 

- Оглас -

Најнови вести