Червар оцени какви шанси има Хрватска да ја помине Норвешка во полуфиналето

Хрватска ќе има тешка задача да ја победи Норвешка ако сака да се пласира во финалето на Европското ракометно првенство. Ова ќе биде дуел на две непоразени селекции. Хрватите се со шест победи и реми, а Норвешка е перфектна.

Селекторот на Хрватска, легендарниот Лино Червар, кој пред неколку години беше и предводник на македонската репрезентација, вели дека Норвешка е во пол-позиција пред полуфиналето.

„Имаме тежок противник. Тие ќе бидат фаворити. Норвешка фактички како да игра дома. Играат добро, најконстантно од сите селекции на турнирот. Агресивни се, динамични, добри се во одбраната и транзицијата.Имаат двајца посебно квалитетни поединци, а тоа се Јоханесен и Сагосен. Тие се носители на играта на Норвешка, а имаат и одличен голман. Целата ситуација оди во нивна корист. Сепак, ние нема предвреме да се предадеме, Мора да одиграме страшно добро за да бидеме рамноправни“, рече Червар во исчекување на полуфиналето против Норвешка.

 

- Оглас -

Најнови вести