Чешки боксер ја нокаутира Короната во две рунди: Веднаш би ги прекинал рестрикциите

Поранешниот чешки боксер Лукаш Конечни лесно во две рунди го прегрме Коронавирусот и вели дека малку и се претерува со мерките за рестрикција на движењето.

„Првиот ден имав температура и чувствував малаксаност. Ги применив стандардните лекарства, пиев чај, се потев облечен во топла облека и следниот ден бев како нов. Ако не бев позитивен на тестот, немаше ни да знам дека имам Коронавирус. Ништо посебно, беше како обичен грип. Да одлучувам јас, би ги прекинал строгите мерки за рестрикција во движењето. Веројатно треба да важат само за повозрасните категории на луѓе и за хронично болните“, вели Конечни.

Двојниот освојувач на бронзен медал на Светските првенства додава дека сепак ги почтиува препораките и од 18 март е во карантин.

„Тешко е да се издржи затворен во четири ѕида, но иако мислам поинаку, сепак ќе ги почитувам препораките“, вели боксерот што имаше многу солидна кариера.

Како аматер освои две бронзи на Мундијалите, во 1997 година во Будимпешта и две години подоцна во Хјустон во Велтер категорија.

Како професионалец на двапати го освојуваше шампионскиот појас во ВБО-верзијата и има биланс од 51 победа и пет порази.

 

- Оглас -

Најнови вести