Чешките маки со Ковид-19 – Од апсолутни фаворити станаа големи аутсајдери

Роман Хубник, кој се прости од репрезентацијата на Чешка пред четири години и Станислав Текл денеска ќе бидат главните адути во Оломуц против Шкотска, во чудниот случај во Лигата на Нации.

Комплетната стандардна селекција на Чешка што пред три дена ја победи Словачка со 3:1 е во карантин, поради два случаи позитивни на Ковид-19, УЕФА одби да им го одложи дуелот со Шкотска, па селекторот Давид Холубек експресно мораше да состави нов тим од 22 играчи.

Единствени што веќе играле за Чешка претходно се стоперот Хубник, кој има 36 години и се прости од настапите за националниот тим пред четири години и Станислав Текл, со пет натпревари за својата репрезентација.

Можно е вечерва во Оломуц од 20.45 часот на дуелот против Шкотите да дебитира 17-годишниот тинејџер Адам Карабец од Спарта Прага, со што би бил најмладиот репрезентативец во историјата на Чешка.

Се очекуваше Чесите да бидат фаворити за победа, но сега коефициентите комплетно се променија, па Храбрите Срца се поблиску до победата.

Во Sport Life за победа на Чесите коефициентот е 4.75, триумф на гостите е со квота 1.60, а ремито ако се случи ќе ви го помножи влогот за 3.50 пати.

 

- Оглас -

Најнови вести