Чешкото тениско чудо во финалето против Русинот кој испрати моќна порака (Видео)

Јиржи Весели и Андреј Рублев ќе играат во финалето на тенискиот АТП турнир во Дубаи. Во првото полуфинале, Рублев во три сета го победи Хуберт Хурчак со 3:6, 7:5, 7:6 во меч кој траеше два и пол часа.

По завршување на мечот Рублев упати моќна порака преку камерата која го снимаше. Русинот напиша, „Не за војна. Ве молам“.

Ако за Рублев местото во финалето е очекувано, речиси никој не се надеваше дека таму ќе игра против Јиржи Весели. Чешкиот тенисер кој е на 123 место на АТП листата, во меч кој траеше повеќе од три часа, го победи Денис Шаповалов со 6:7, 7:6, 7:6.

Весели со оваа победа само продолжи со блескавите партии, затоа што во Дубаи претходно го елиминираше и најдобриот тенисер на АТП листата Новак Ѓоковиќ, а Чехот претходно беше подобар и од Чилиќ и Баутиста.

- Оглас -

Најнови вести