Чесите далеку позадоволни од Хрватска по ремито во Глазгов (видео)

Чешка и Хрватска ремизираа при 1-1 во Глазгов по што Чесите застанаа на првото место во групата Д со четири бода и на тоа место ќе стои до дуелот меѓу Англија и Шкотска.

Колку што Чешка е задоволна од ова реми, толку Коцкастите не прифаќаат што освоија само еден бод во два меча и ќе им треба победа во последното коло за да бидат сигурни дека ќе играат во нокаут фазата.

Патрик Шик со својот трет гол на првенството, им донесе водство на Чесите од белата точка во 37-та минута, а само што почна вториот дел, следуваше одговор од Перишиќ.

Крилото на Хрватска се запиша во историјата како прв играч на Коцкастите кој заби барем по еден гол на четири последователни првенства, почнувајќи од СП 2014 година, до Европското во 2016 и Мундијалот во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести