Чесите се шкрти на зборови, не ги интересира ракометот

Чесите не се многу заинтересирани за ракомет, барем според содржините во тамошните медиуми, каде тешко се наоѓа било каков текст за денешниот меч од второто коло на ЕП 2020 против Македонија.

И најпознатиот спортски портал „Sport.cz“ воопшто не информира што се случува во чешкиот табор пред денешниот дуел во Штадхале во Виена со Македонија, кој ќе се игра од 16 часот.

Мечот за Чешка е клучен и со пораз ќе ги загубат шансите за пласман во вториот круг, по неуспехот во првото коло и поразот од Австрија со 29:32.

За разлика од нив Македонија стандардно во јануари ја тресе ракометната треска. Ја победивме Украина во првото коло со 26:25 и ако денеска ги надиграме „незаинтересираните“ за ракомет Чеси ќе бидеме на прагот на втората фаза по групи.

Спортот број 1 кај нас е впечатливо следен од многубројните медиуми, кои имаат и свои известувачи на лице место во Виена.

Меѓу нив е и нашиот портал Спорт Манија со својот специјален известувач Трајан Маневски. Следете нѐ и денеска ќе има интересни содржини од лице место во главниот град на Австрија.

- Оглас -

Најнови вести