Честа слика на римското дерби, поинтересно на трибини отколку на терен

Лацио и Рома одиграа 0-0 во римското „Дерби дела капитале“, па останаа на позиции на табелата кои не водат во Европа.

Фановите на трибините на „Олимпико“ го завршија својот дел од работата, имаа прекрасни кореографии пред мечот, но на терен фудбалерите не успеаја да дадат гол, па сите си заминаа дома делумно (не)задоволни.

Дербито беше тензично, имаше кавги и покрај аут линијата, во главна улога беа тренерите Мурињо и Сари, но фалеа голови. Традицијата покажува дека често на римските дербија е неефикасно, во минатата сезона на двата дуели на Лацио и Рома, лацијалите победуваа со по 1-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести