Честитки за Севилја од Бетис, од Јувентус, среќниот Ракитиќ облечен се фрли во базен (Видео)

Честитки за триумфот на Севилја во Лигата на Европа дојдоа од многу страни, преку „Твитер“ стигнаа честитки од нивниот најлут ривал Бетис, од капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој во Реал дојде од Севилја, а меѓу првите кои честитаа беше Јувентус, најголемиот ривал на Интер, па таа честитка се окарактеризира и како провокација до Нераѕурите.

Congratulations to @SevillaFC_ENG on winning the @EuropaLeague.

— JuventusFC (#Stron9er 🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆) (@juventusfcen) August 21, 2020

Интересна прослава имаше Иван Ракитиќ, кој играше за Севилја од 2011 до 2014 година, пред да направи трансфер во Барселона. Иван не крие дека Севилја му е во срцето, па се јави во емисија во живо, и од радост облечен скокна во својот базен.

Погледнете го потегот на Хрватот Ракитиќ:

https://twitter.com/i/status/1296927122905337861

- Оглас -

Најнови вести