Четири „кеца“ се реални во македонската Прва лига

Четири натпревари ќе се играат од 15 часот во Прва македонска фудбалска лига за комплетирање на 23. коло. Академија Пандев и Шкендија се далеку од лидерот Шкупи, па нивната борба ќе биде за второто место на табелата.

Академија Пандев во Струмица е домаќин на Струга Трим Лум во меч кој може да се нарече и дерби на колото. Академците сезонава дома имаат одличен биланс од осум победи, две реми и само еден пораз, па сигурно и сега ќе атакуваат на освојување на трите бода.

Шкендија во последните два меча освои само еден бод, но сега во Тетово е апсолутен фаворит за победа против Тиквеш. Брегалница во Штип игра против кандидатот за испаѓање, Борец од Велес, додека во скопската пресметка, Македонија Ѓорче Петров е домаќин на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести