Четворица шведски ракометари биле пијани пред мечот со Португалија

Капитенот на шведската ракометна репрезентација, Џим Готфридсон, се извини на целата јавност за поразот на ЕП од Португалија во Малме, и ја презеде одговорноста за киксот на кој му претходел и едно „дружење со чашката“ со уште тројца колеги.

Готфридсон, Андреас Нилсон, Лукас Нилсон и Ким Екдал Ду Риц, во средата вечер се опуштале со алкохол, а биле невнимателни и тоа го правеле во ден бар во Малме, каде биле забележани од други гости. Приказната дека пиеле во бар се раширила и дошла до медиумите и со селекторот. И од шведската ракометна федерација ја потврдија веродостојноста на информацијата.

Сведоци кои ги виделе ракометарите, велат дека биле мирни, не правеле инциденти, но проблемот е што во барот биле без дозвола од селекторот Кристијан Андерсон. Ако Шведска победеше против Португалија, можеби и немаше да се дознае дека ракометарите пиеле, но вака речиси се загубени шансите за освојување медал, на сите страни се бараа виновници, па се обелодени и скандалот.

- Оглас -

Најнови вести