Четвртина век од убиството на Андрес Ескобар (Видео)

Денеска се навршуваат 25 години од трагичната смрт на колумбискиот фудбалер Андрес Ескобар, кој беше убиен од колумбиската мафија, и тоа поради ненамерниот автогол кој си го постигна на натпреварот против САД на Мундијалот во 1994 година.

Автоголот на капитенот Ескобар беше на 22 јуни и придонесе Колумбија со ѕвезди како Валдерама, Ринкон и Асприлја многу рано да испадне од тој Мундијал (беа во група со САД, Романија и Швајцарија), а десет дена подоцна, кога фудбалерот веќе беше вратен во родната земја, се случи убиството кое го шокираше светот.

Ескобар беше убиен во неговиот автомобил откако имаше расправија во еден ноќен клуб.

Колумбиските фудбалери почнале да добиваат закани уште по поразот од Романија од 1-3 во првото коло бидејќи луѓето од подземјето загубиле многу пари. По поразот од 1-2 од САД (автоголот на Ескобар беше за 1-0), Ескобар рече дека им се извинува на фановите, но не ги сфати сериозно заканите.

Колумбија и сега има добар тим кој не постигнува резултати какви што се очекуваат од нив, на Копа Америка испаднаа без примен гол, но ѕвездите не добиваат закани по нивните животи како некогаш.

Ова е автоголот кој му пресуди на Ескобар:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести