Четврто манчестерско дерби сезонава, но секогаш има нешто ново

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Манчестер сити во четвртото градско дерби сезонава, и ако победат Црвените ѓаволи, би можеле да напредуваат за три места и да дојдат на место кое води во ЛШ, ако им одат во прилог сите резултати во ова коло од Премиерлигата. Граѓаните со победа би имале 10 бода плус во однос на Лестер и ќе се зацементираат на втората позиција.

Јунајтед и Сити добро се познаваат, по четврти пат сезонава се среќаваат едни против други. На 7 декември, Јунајтед како гостин славеше кај Сити со 2-1. Еден месец подоцна, во купот Сити победи со 3-1 на „Олд Трафорд“, а на реваншот на „Етихад“ беше 1-0 за Јунајтед. Ова значи дека на сите три средби, победуваа гостите и ако продолжи традицијата, треба да се типува на двојка.

Она што го разликува овој до претходните мечеви е присуството на Бруно Фернандеш. Со Португалецот во составот, Црвените ѓаволи не знаат за пораз. Солскјер не знае до последен момент дали ќе може да играат Мегваер и Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести