Училишната репрезентација на Македонија ја прегази Грузија со 46-13, во второто коло на Светското училишно првенство во ракомет кое се игра во Скопје.
Серијата од 17-0 кога од 2-2 побегнавме на 19-2, беше клучна за победата. На полувреме беше 23-6 и апсолутно немаше дилеми дека ова ќе биде втора убедлива победа за тимот на селекторот Горан Кузманоски откако вчера беше декласирана и Бугарија.
Тома Симоновски даде дури 15 голови и беше најефикасен. Андреј Георгиев постигна 9 голови, Стефан Ѓорѓиевски 5, Ѓорѓи Лешниковски и Давор Крстески по 4, итн.

Во третото коло, утре од 10.30 часот, Македонија игра со тимот од Република Српска, а во последното коло противник ќе ни биде Саудиска Арабија.
Женската селекција денеска од 10.30 часот игра со Грузија откако вчера ја растури Белгија.

