Чиро Имобиле судеше фудбалски натпревар, досуди два пенали! (Фото)

Голгетерот на Лацио и италијански репрезентативец, Чиро Имобиле, на еден хуманитарен фудбалски меч се појави во улога на главен судија.

Овој хуманитарен меч во Рим беше во организација на Папата Франциск, а Имобиле, кој поради повреда не можеше да игра викендов против Јувентус, делеше правда на дуелот помеѓу тим на Светската организација Рома чие седиште е во Хрватска, и ватиканскиот тим Фратели Тути, која е поддржана од Папата. Целта беше борба против расизмот и дискриминацијата, а клубот Лацио беше спонзор и организатор на настанот.

Мечот заврши со резултат 7-7, а Имобиле не беше многу строг, досуди два пенали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести