-0.2 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Чкембари во „герила-акција“: Нема сон за Вардарци во Битола (Видео)

Ракометното дерби меѓу Пелистер и Вардар, закажано за денеска во Битола (18 часот), имаше своја необична најава уште рано утринава, во два часот, кога домашните навивачи Чкембари изведоа „герила-акција“ со огномет, не дозволувајќи им на ракометарите на РК Вардар да спијат.

Битолските навивачи, по примерот на повеќе европски ултрашки групи се собраа пред хотелот во својот град, каде што Црвено-црвените беа сместени во вид на карантин, со цел да се аклиматизираат и да одморат пред пресметката која може дури и да го реши прашањето за титулата.

„Нема мирна ноќ за Вардарци“, порачаа Чкембари со видео од овој „герила потег“.

Пелистер нема друга опција освен победа на вечерешниот меч, со оглед на тоа што веќе има четири бода помалку од големиот ривал од Скопје, кој е неприкосновен лидер со ефект 15-0. Битолчани, пак, имаат две нерешени средби и еден пораз, што значи дека ако Црвено-црните останат непоразени, ќе стекнат огромна предност, која речиси сигурно би била недостижна без разлика што има уште многу да се игра до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести