Чоло Симеоне со проста споредба ја затвори темата за Роналдо во Атлетико Мадрид (Фото)

Диего Симеоне со едноставна споредба ја затвори темата за трансфер на Кристијано Роналдо во Атлетико Мадрид исе чини дека за таква сензација веќе нема место, иако се споменува и сега и постојано беше пласирана како информација за можно доаѓање на Португалецот ова лето.

Популарниот Чоло вели цдека таков трансфер е невозможен, бидејќи Роналдо е симбол на Реал Мадрид во Шпанија, а и реакцијата на навивачите на Атлетико беше таква, односно и тие беа против трансфер летово што измина.

„Трансфер на Роналдо, кој е симбол на Реал Мадрид во Шпанија би бил еднаков на Рикелме во Ривер плејт, или на Ортега во Бока јуниорс. Тоа е невозможно“, изјави Симеоне.

Засега Роналдо останува во Манчестер јунајтед, иако цело лето з него се бараше варијанта да се пресели во друг голем клуб во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести