Човекот кој играше принудно наместо Ван Дајк е херојот на Ливерпул: Чудесно спасување од гол-линија (Видео)

На англискиот гигант Ливерпул доволно му беше еднаш да се израдува на погодок, за да стигне до трите бода од гостувањето во Амстердам против Ајакс. Домаќините си постигнаа автогол, а еден од хероите на Ливерпул е Фабињо, фудбалерот кој принудно се најде во стартниот тим на гостите.

Фабињо играше на местото на повредениот Вирџил ван Дајк и уште во првиот меч блесна. Беше сигурен на стоперската позиција, а го имаше и најдобриот потег во одбраната кога за неколку сантиметри ја скрати радоста на домаќините.

Пред крајот на првото полувреме, Фабињо пожртвувано реагираше и ја исфрли топата на неколку сантиметри пред да влезе во голот, покажаувајќи дека е достојна замена за Ван Дајк.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести