Човекот што му даде четири гола на Вардар ќе го менува Кејн во Тотенхем

Вилијан Жозе ќе биде замената за повредениот Хари Кејн во Тотенхем, објавија англиските медиуми. Човекот што му даде четири гола на Вардар како фудбалер на Реал Сосиедад во меч од групната фаза во Лигата на Европа пред три години треба да допатува во Лондон на медицински прегледи.

Бразилецот има договор со Реал Сосиедад до 2024 година и откупна клаузула од 70 милиони евра. Ако дојде до договор, а двата клуба се блиску, објавено е дека отштетната клаузула нема да важи, што значи дека Тотенхем нема да плати 70 милиони евра, туку сумата ќе биде помала.

Вилијан е прв стрелец на Реал Сосиедад со 8 гола сезонава во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести