Човеков е неповторлив – Јаховиќ играше со маска и повторно погоди (Видео)

Адис Јаховиќ е неуништлив и повторно погодува, иако имаше незгодна повреда на јаболчицата, поради која пропушти неколку мечеви за Анталијаспор.

Вечерва направи камбек во дресот на новиот клуб Анталијаспор и во вториот меч за нив вторпат постигна гол. Играше со маска на лицето како заштита, но и тоа не му пречеше да биде прецизен во 53-тата минута за 1:0 против Касимпаша.

За Јаховиќ ова е 13-ти гол сезонава во силната турска лига, со што е трет стрелец, зад Сорлот од Трабзон со 17 и Сисе од Аланијаспор со 16 погодоци.

Анталијаспор победи со 3:1 вечерва и побегна од опасната зона. Има 22 бода на 14-тото место и е две позиции пред трилингот екипи што би испаднале ако првенство заврши во овој момент.

https://twitter.com/i/status/1229484846185156609

- Оглас -

Најнови вести