Чуамени по стапките на Зидан, 18 години се чекаше на ваков момент

Орелиен Чуамени синоќа не го доигра мечот со Белгија затоа што доби црвен картон, и стана првиот капитен на Франција после 18 години кој бил исклучен.

Интересно е дека и во претходниот случај кога капитен на Триколорите поцрвене, беше играч на Реал Мадрид, тогаш Зинедин Зидан, и тоа во финалето на Светското првенство во 2006 година, по незаборавниот удар со глава во градите на Италијанецот Марко Матераци. Синоќа црвениот картон на Чуамени во 76-та минута не беше толку проблематичен, Франција и со човек помалку победи на гости кај Белгија.

Инаку, пред Чуамени, последен Французин кој добил црвен картон во меч на репрезентацијата беше Жил Кунде против БиХ во септември 2021.

- Оглас -

Најнови вести