Чуден меч во Серија А: Сасуоло го доби „пенал рулетот“ со Венеција

Три натпревари од 15 часот беа на програмата од 28-то коло во Серија А лигата, а најчуден и најефикасен од нив беше средбата меѓу Венеција и Сасуоло.

На стадионот „Пјерлујџи Пенцо“ видовме пет погодоци, од кои три беа постигнати од пенал, а уште еден удар од белата точка беше промашен.

Сите три беа реализирани од страна на гостите, Доменико Берарди (17′, 71′) и Џјанлука Скамака во 29-та минута беа успешни реализатори. Додека, пак, кај домаќините, Матија Араму во 85-та минута не успеаа да реализираат.

Единствените два гола од игра беа дела на Џакомо Распадори (2′, 0:1) и Томас Анри (34′, 1:2).

Со оваа победа, Сасуоло дојде до три по ред и сега има 39 бода со што се наоѓа на средината на табелата во Серија А.

СЕРИЈА А

Болоња – Торино 0:0

Фиорентина – Верона 1:1

Венеција  – Сасуоло 1:4

- Оглас -

Најнови вести