Чуден потег на Шкендија – Ја прекинаа соработката со еден од тројцата најдобри стрелци

Синдрит Гури и Шкендија ја прекинаа соработката и со взаемен договор се разделија. Албанскиот интернационалец пристигна кај тетовци во септември лани и воопшто не играше лошо, па малку и чуди зошто е раскинат договорот.

Гури беше еден од тројцата најдобри стрелци на Шкендија во овој квалификациски циклус во Европа, а постигна два гола, исто колку што дадоа и Ферхан Хасани и Љупче Дориев.

Во ланското домашно превенство Синдрит беше прв стрелец на Шкендија со 10 гола, колку што постигна и Дориев.

„Гури даде неколку решавачки голови за Шкендија и во домашното првенство и во евроквалификациите и сакаме да му се заблагодариме за сè што направи за клубот. Му посакуваме многу успех во кариерата“, стои на официјалната клупска страница на Шкендија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести