Чудесна симболика – Нирнбергер даваше голови, Нирнберг е блиску до опстанок (Видео)

Многу симболика имаше на првиот бараж-меч за последното место во германската Втора лига за идната сезона, а во фокусот беше Фабијан Нирнбергер, кој постигна два гола во победата на Нирнберг од 2:0 против Инголштад.

Момчето кое има 20 години се распука во вистински момент и со првите голови за сениорскиот тим на Нирнберг му донесе убава предност на деветкратниот германски првак пред реваншот за четири дена.

Фабијан погоди во 22-рата минута за предност на домаќините од 1:0. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа истиот играч поворно беше прецизен во финишот на првото полувреме, во 45-тата минута.

Нирнбергер сезонава одигра 17 натпревари за Нирнберг и ова му се дебитански голови.

Во бараж-двомечот за последното место во Цвајта, Нирнберг влезе како фаворит и член на Втората лига, против Инголштад, екипа што беше третопласирана во Третата германска лига.

- Оглас -

Најнови вести