Бруно Фернандеш е избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш го доби признанието за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната која изминува. Утре ќе се одигра последното коло во кое Манчестер ќе ја потврди третата позиција на табелата, зад шампионот Арсенал и второпласираниот Манчестер сити.

Португалскиот репрезенативец сезонава одигра 34 натпревари во кои беше главен двигател во екипата на Црвените ѓаволи. Бруно постигна осум погодоци, а имаше дури 20 асистенции. Со тие 20 асистенции, капитенот на Манчестер го израмни рекордот на Кевин де Бројне и Тјери Анри кои во минатото завршувале 20 асистенции во една сезона.

Доколку утре Бруно има асистенција на гостувањето кај Брајтон, тој ќе биде апсолутен предводник по бројот на асистенции во една сезона. Покрај лидер по бројот на асистенции, Португалецот е и лидер во категориите за најмногу создадени сериозни шанси, а беше најдобар и во уште неколку други категории.

- Оглас -

Најнови вести